100 денари за еден час паркинг на Водно (ВИДЕО)

На Средно Водно одново ќе се оди со автомобил за викенди и празници, но се воведува паркинг од 100 денари за првиот, и по 50 денари за секој нареден час.

Наплатата ќе профункционира до крајот на месецов, најави градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, а мерката наиде на реакции зашто била дискриминаторска бидејќи на Водно ќе можеле да одат само оние со подлабок џеб, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ како што пренесува Канал 5.