Универзитетскиот професор Антон Чаушевски е дека од 1 јули, цената на електричната енергија ќе се покачи за 10- 20 %.
Конечниот износ – вели Чаушевски за „Локално“ – ќе претставува компромис помеѓу реалните потреби и барањата на енергетските компании и она што може да го поднесе нашето стопанство, граѓаните и правните субјекти. Како неосновани ги оценува обвинувањата на опозицијата според кои за ваквите покачувања единствено одговорна е власта.
„Основни причини за поскапување на струјата е она што се случува на светските берзи на фосилни горива, порастот на цената на електричната енергија и фактот дека немаме домашни капацитети коишто ќе ги покријат нашите потреби. Не може да се изгради енергетски капацитет за 3-5 години, па оттука единствено што може да се настојува е да се ублажат ударите од оваа енергетска криза“, вели Чаушевски во разговор со „Локално“.
Во ситуација кога изградбата на гасниот терминал во Александрополи нема да заврши со 2025 година, треба да се преживеат овие три години, вели Чаушески, посочувајќи дека зесега немаме друга алтернатива освен рускиот гас, мазутот од ТЕЦ Неготино и јагленот.
Она што според него енергетските компании треба да го направат е да се обидат да се снабдат со гас под поволни услови и да се набават потребни количини на мазут за да се обезбеди континуирана динамика на ископ на јаглен, вели Чаушевски за „Локално“.