Во северниот дел на Косовска Митровица денеска се одржа протест за кој српски медиуми велат дека е најголем досега, откако вчера косовските Срби демонстративно се повлекоа од сите косовски институции – од министер и пратеници до административци и полицајци.

На собирот на кој имало десетина илјади луѓе, беа носени транспаренти со пораки: „Доста ни е од теророт на Курти“, „Една држава имаме – Србија“, „Нема предавање поради нашите деца“, „Зошто Србите немаат правото на слобода на движење?“, „Денес Ненад Ѓуриќ, утре секој Србин на Косово“, „Со чисто лице и светло чело пред Божјиот суд“, „Јас сум Србин и се е мое овде“, „Курти нема да не потчини“ и „Европа, дали нашите деца имаат право на слобода?“;

Во општините на северот на Косово и Метохија ноќта помина мирно по последните одлуки на Приштина и повлекувањето на Србите од сите косовски институции.

Претседателот Александар Вучиќ, вечерва во 21:00 часот ќе и се обрати на јавноста во врска со последните настани и потези на Приштина.

Група полицајци симболично ги соблекоа униформите. Премиерката Ана Брнабиќ вели дека Србите се вратени во ќош, а сакаат само спроведување на потпишаните договори. Вели дека ќе има поддршка од Владата на Србија.

Претседателот на Српската листа, Горан Ракиќ, посочи дека Србите ги напуштаат сите политички институции – собранието и владата на привремената управа во Приштина, како и четирите општини на северот на Република Косово и судството. властите, полицијата и администрацијата.

Како што соопштија по средбата, одлуките остануваат во сила додека Приштина не почне да ги почитува договорите и меѓународното јавно право, т.е. додека не ја повлече едностраната одлука за пререгистрација на регистарските таблички и не формира Заедница на српски општини.