10 спортисти со најголема заработка според Форбс

На врвот на топ листата на спортисти со најголема заработка во 2016 година подготвена од магазинот „Форбс“ е фудбалерот на Реал Мадрид Кристијано Роналдо со приходи од 93 милиони евра.

Следуваат најдобриот кошаркар на  НБА лигата Леброн Џонс со 86 милиони долари а трет е аргентинецот Лео Меси со 80 милиони.

 

На листата е и тенисерот Рожер Федерер со приход од 64 милиони долари од кои само 6 се добиени од турнири а остатокот од реклами.

По него се  кошаркарот Кевин Дурант  (60), голферот Рори Мекелрој, кошаркарите Стеф Кари, Џејмс Харден и формула 1 возачот Луис Хамилтон кој е последен на листата топ 10 со 46 милиони долари приход минатата година.