Британска двојка минала околу 7500 милји или над 10 илјади километри на пат од Велика Британија до Македонија за време на кој возеле по 12 часа дневно а спиеле на отворено.
Двојката патувала преку Франција, Германија, Швајцарија, Италија, Словенија, Австрија, Хрватска, Босна, Србија, Косово, Албанија и на крајот стигнале во Македонија.
Симпатичните Британци кои што на социјалните мрежи не го откриваат својот вистински идентитет најавуваат дека следната година повторно ќе дојдат во Македонија по истата рута.