Шест часови преговори, кусо соопштение по средбата во Виена

Напорите за изнаоѓање заемно прифатливо решение за прашањето за името, ќе продолжат под покровителство на Обединетите нации, се согласија денес министри за надворешни работи Никос Котиас и Николас Димитров, по шестчасовната средба во седиштето на НАТО во ОН во Виена.

По заедничката средба со специјалниот пратеник на генералниот секретар на ОН, Метју Нимиц, немаше никаква изјава или заедничко соопштение.

Грчкиот министер за надворешни работи веднаш по средбата од Виена замина за Атина.

„По конструктивната средба која е дел од напорите за изнаоѓање прифатливо и заедничко решение за надминување на разликите во однос на името, министрите за надворешни работи се согласија да ги продолжат напорите под покровителство на Обединетите нации“, сооштија од МНР.

Коѕиас и Димитров, и вчера во Виена имаа средба која продолжи денес на која присуствуваше и Нимиц.

Веќе во четврток односно петок, неделава, Димитров и Коѕиас пак ќе се сретнат на неформалната средба на министри за надворешни работи од ЕУ и земјите кандидатки за членство во Унијата во Софија.

Предвидено е во Софија Никола Димитров да има средба и со претседателот на Бугарија, Румен Радев.

Никос Коѕиас најави дека од Атина ќе долета со авион во Скопје, откако Грција ќе се увери дека е исполнето ветувањето за промена на името на скопскиот аеродром.

Во Скопје би требало да продолжат разговорите и кога Коѕиас ќе го претстави неговиот план од четири точки за решавање на спорот.