Шест дечиња учат македонски во Гудурица, Вршац

Како резултат на долгогодишната соработка меѓу Сојузот на Македонците од Вршац и Националниот совет на Македонците, од неодамна, во основното училиште „Моша Пијаде“ во селото Гудурица, Вршац, шест ученици учат македонски јазик со елементи на националната култура.

„Важно е да ги научат основните фрази, основните разлики во јазиците и важни информации за македонската култура и јазик“, вели Мирослав Милојевиќ, наставник по македонски јазик со елементи на националната култура, според кој бројот на  заинтересирани за ова расте,

Во Гудурица, по Србите, Македонците са најбројни жиели на ова населено место, пренесува Радио-телевизија Војводина (РТВ).

Порано имаше само курс на македонски јазик, тоа траеше пет години од 2008 до 2013. Во меѓувреме, Министерството за образование ја прифати идејата македонскиот да стане изборен предмет, вели вели Ненад Васиќ, директор на ОУ „Моша Пијаде“.

Почна поинтензивна работа со децата, направени се интервјуа за да се види дали се заинтересирани и откако се потврди тоа, воведен е македонскиот како изборен предмет.

Во училиштето се надеваат дека има уште деца кои се подготвени да го учат македонскиот и дека до крај на месецот, класот уште ќе се пополни.

Македонскиот језик како изборен се уши во уште неколку училишта во Војводина, каде по Втората светска војна многу Македонци – колонисти беа населени во тој регион.