Марин Чилиќ го совлада убедливо Кајл Едмунд и за прв пат ќе игра во финалето на Австралискиот тениски Гренд Слем. 30 годишниот Хрват имаше лесен меч со 7 години помладиот Британец и го доби на рутина и искуство со 3-0. Сличен дуел кај машките се очекува и утре наутро кога Роже Федерер од позиција на фаворит ќе се соочи со 21 годишниот Кореец Хјеон Чунг кој претходно го елиминира Ѓоковиќ.
На женскиот дел од 106 Гренд Слем во Мелбурн познати се учесниците на завршната претстава. Симона Халеп со 2-1 во сетови, и на разлика во третиот беше подобра од Анжелик Кербер, а Каролин Вознијацки со 2-0 славеше со Елис Мертенс. Женското финале е в сабота наутро, а утре наутро е второто машко полуфинале.