Во овие празнични денови дозволете ми во свое име и во име на ВМРО-ДПМНЕ, Вам лично, на свештеништвото и на сите верници на Евангелистичко-методистичката црква во Република Македонија, да Ви упатам искрени честитки по повод големиот Христијански празник – Божик.

Ова е дел од честитката што пред католичкиот и протестантскиот Божик на 24 декември ја испратил новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, до претседателот на Евангелистичко- Методистичката црква, Емил Заев, по повод празникот Рожденство Христово – Божик, пренесуваат дел од медиумите.

Евангелистичко–методистичката црква има свој придонес во афирмирање на овие духовни вредности осветлувајќи им го патот на многу верници, пишува Мицкоски според кој задништвото треба да биде позитивниот пример кој треба да се следи и да се вреднува, стои во честитката.

Божикната честитка беше испратена на 23 декември во пресрет на Божик кога католичкиот свет го слави Божик.