Назадување во владеењето на правото и на борбата против корупцијата е оценката за Македонија во најновиот извештај „Државите во транзиција“ на организацијата Фридом хаус.

Извештајот предупредува на долготрајната корупција на високо ниво, пренесува РСЕ.

За Македонија се велиу дека надежите за резултати во делот на владеењето на правото и борбата против организираниот криминал се појавиле по симнувањето од власт на, како што се наведува, антидемократскиот премиер Никола Груевски.

„За разлика од Украина или Молдавија, С. Македонија не презеде значајни чекори за елиминирање на корумпираните мрежи на дејствување, а моќта продолжи да осцилира меѓу коалициите на неколку партии“…

Се наведува и дека годината беше обележана и со поларизирачка парламентарна дебата за уставните амандмани потребни за отстранување на ветото на Бугарија за кандидатурата на земјата за пристап во ЕУ.

Во извештајот Македонија, заедно со Црна Гора е во категоријата „циклични хибриди“ во кои редовните промени на владејачките елити спречуваат значителни структурни промени.

„Дефинитивната карактеристика на цикличните хибриди е комбинација на вистински политички плурализам и површни институционални промени. Тие имаат тенденција да заостануваат во однос на реформите насочени кон воспоставување силни бариери помеѓу јавниот сервис и приватната добивка. Затоа е од суштинско значење да се промовираат антикорупциски механизми и судски реформи во овие земји, а процесот на пристапување во ЕУ има важна улога во овој поглед“, се објаснува во извештајот.