Роже Федерер ја освои осмата титула на Вимблдон, откако денеска во финалето го победи Хрватот Марин Чилиќ во три сета, 6:3, 6:1 и 6:4.
Швајцарскиот тенисер по освојувањето на 19. Гренд слем трофеј во кариерата изјави дека по неколку години без успех во најпрестижниот турнир во светот неговата верба не била загубена и дека секогаш верувал дека повторно може да стане шампион.