Министерството за Европа и за надворешни работи на Република Албанија (МЕФА) изразува жалење и го осудува говорот на омраза на сметка на Албанците во натписите на јавни места во Битола.

Не е првпат Битола, градот каде се одржа историскиот конгрес за јазикот на Албанија, намерно и неприфатливо да се прават дела чија цел е да предизвикаат омраза, нарушување на односите и да создаваат тензии меѓу заедниците.

Албанското Министерство, затоа ги повикува македонските власти да ги истражат, а сторителите да сносат одговорност за овие инциденти, кои се во спротивност со духот на соживот и хармонија во Македонија и во целиот регион.