Софија не го негира македонскиот идентитет, и брои лоши извештаи во медиумите

Во македонските медиуми имало дури 175 негативни извештаи во првите  24 часа по посетата на премиерот Заев на Софија, вели бугарската вицепремиерка и министер за надворешни работи Екатерина Захариев во интервју за бугарската национална телевизија.

Според неа се работи за историска посета на високо ниво и затоа таа  не може да ги разбере негативните медиумски извештаи за Бугарија во македонските медиуми кои што биле објавени по средбата на македонската делегација со своите бугарски колеги. Во рамки на посетата таа се сретна со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.

„Македонија упати порака дека сака да оди по патот на европските интеграции. Дали е тоа негативно“, прашува Захариева во интервјуто во кое ја коментира посетата на Заев на Софија.

Според неа пораката на двајцата премиери да се прославува заеднички нашата историја има поголемо симболичко значење од договорот за соработка. Ние не сакаме ништо поразлично од она што го имаме во договорите со другите земји. Никој не го негира македонскиот идентитет, вели Захариева за БТВ.