18 годишно момче загина во Охајо кога една од играчките, вртелешките во Луна Паркот се откачи, а момчето излета од неа. Освен несреќникот повредени се уште седум лица, а три се во тешка состојба. Сите биле исфрлени од популарната Огнена топка кој всушност е рингишпил со многу ротации при голема брзина.

“Ова е најлошата трагедија во историјата на саемот”, изјави гувернерот на Охајо, Џон Кејсик на прес-конференцијата. Кејсик повика на целосна истрага и нареди сите возила да се исклучат, додека не се направат безбедносните инспекции.

https://youtu.be/YhH_tCzoGMQ