СДСМ и БЕСА се судрија за хомосексуалците

Висок претставник на движењето БЕСА на социјалните мрежи бара одговор од потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири дали по изборите партијата и тој ќе гласаат за законот за хомосексуални бракови кој предходно го најави пратеник на ДУИ.

Пратеникот од ДУИ Бранко Манојловски пред дваесетина дена побара легализација на хомосексуалните бракови за што пратеникот изјави дека добил поддршка од лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Високиот член на раководството на БЕСА Дашнор Аголи кој е е еден од наследниците на партизанскиот народен херој Неџат Аголи, денеска објави дека потпретседателот на СДСМ Зекири го блокирал на Фејсбук откако му било поставено прашањето дали неговата партија ќе гласа за овој закон.

Предходно Зекири како втор човек во СДСМ беше под силен притисок откако на својот профил објави критичка религиозна порака во која што се зборува за потреба од прогон на хомосексуалците.

Аголи и неговата партија кои што важат за политички субјект кој што религиозните прашања ги сметаат за исклучително важни во политичката агенда и воопшто во јавниот живот во земјата, по коалицијата со Алијансата на Албанците влегова во директен судир со ДУИ но и со СДСМ откако овие две партии направија коалиција на локалните избори.

Предходно Аголи цитираше изјава на Зекири кој што на граѓаните јавно им се извинил што своевременто им давал поддршка за ДУИ а сега како член на СДСМ е во коалиција со нив.