Само две држави го преферираат Трамп пред Обама – погодете кои

Русија и Израел се единствените две од вкупно 37 земји кои што повеќе ги сакаат САД со Трамп отколку со Барак Обама.

Според истражувачкит центар „Пју“ дури 35 држави односни нивни граѓани сметаат дека САД биле подобар партнер додека претседател бил Обама. Според магазинот „Слејт“ ова е драматично нарушување на односите на САД со своите пријатели.
Истражувањето покажува дека довербата на странските пријатели во САД паднала зод 64 на 22 % откако во Белата Куќа е Доналд Трамп.
Најголема  е промената на ставот во Западна Европа каде што бројките во врска со Трамп се драматични.
pewPew Research Center

 

Трамп е повеќе почитуван од Обама само со Израел чиј премиер Нетанјаху беше во лоши односи со Обама поради еврејските населби на Палестинските територии. Од друга страна Русија се надева дека САД под Трамп ќе започне со попријателска политика кон Москва од времето на Обама кога беа воведени санкциите за конфликтот во Украина.