Речиси 2/3 Македонци не гледаат позитивно на договорот со Бугарија

Околу 37 проценти од Македонците и 61 процент Албанци гледаат позитивно на договорот за добрососедство со Бугарија покажува анкетата на невладината организација „Евротинк“.

Од 100 проценти од 1254 испитаници од сите заедници вкупно 42,8 % имаат позитивно мислење за договорот, 30 % на него гледаат како негативна појава.

Секој десетти граѓанин не знае или не сака да каже што мисли за договорот а 17 проценти имаат неутрален став.

На ниво на партии очекувано најголема поддршка договорот има кај членови на СДСМ и ДУИ со над 66 проценти а најмала кај ВМРО – ДПМНЕ околу 18 %.

Евробарометар е испитување на јавното мислење направено страна на агенцијата М-Проспект од Скопје, преку компјутерски асистирана телефонска анкета во периодот 1 ноември – 15 ноември 2017 година на репрезентативен примерок од 1254 испитаник со +/- 2.83% маргина на грешка. Методолошката исправност на анкетата е одговорност на МПроспект, додека прашалникот е подготвен од тимот на ЕВРОТИНК.