Премиер на „катастрофална држава“: Ќе размислиме за се што ќе помогне, се е можно во спорот за името

Македонскиот премиер Зоран Заев во изјава на угледниот американски магазин Политико вели дека е подготвен да направи концесии ако Атина е подготвена да ја повлече блокадата за македонското членство во НАТО и ЕУ.

„Ако грчката страна е навистина подготвена да ни помогне ние сме подготвени на се што може да биде од помош“ изјавил Заев за Политико.

Заев тврди дека „не е фиксиран на ниту едно прашање и затоа се е можно“, во спорот за името.

Американскиот магазин во текстот за Македонија меѓу другото пишува дека Заев сака да ги подобри односите со Бугарија и Грција а дека за разлика од него поранешниот премиер Груевски водел политика на противење на Атина и именувал инфраструктурни проекти со името на Александар Велики.

Текстот за Македонија медиумот е објавен со наслов „Промена на чуварот на врвот на катастрофалната балканска држава“ (Change of guard atop ‘disastrous’ Balkan state“ што предизвикува силни реакции на социјалните мрежи затоа што со него со сугерира дека земјата е пред колапс и распад.