Поврзана ли е денешната комуникација меѓу американскиот потпретседател Мајк Пенс и премиерот Заев со телефонскиот разговор што предходно вториот човек во Белата Куќа ќе го има со грчкиот премиер Алексис Ципрас.
Според информациите на expres.mk попладнево најпрвин Пенс ќе разговара со Ципрас а веднаш потоа и со македонскиот премиер.
Официјално се работи за случајност и регионален пристап во креирање на агендата на Белата Куќа но не може да се исклучи можноста мисијата на Пенс во телефонските разговори со двата премиери да има за цел понатамошна активност во процесот на изнаоѓање решение во спорот за името откако по посетата на медијаторот Нимиц целиот процес беше ставен во мирување за неколку месеци.
За темите на телефонскиот разговор Пенс – Заев читај тука