Покрај со Македонија, БиХ ќе има заеднички амбасади и со Црна Гора

По потпишаниот договор минатата година со Македонија, Босна и Херцеговина е пред ратификација на спогодбата и со Црна Гора за заедничко користење дипломатско-конзуларни претставништва.

Заради јакнење на билатералната соработка и доверба, како и за заштеда на милионски средства за изнајмување или за одржување вакви претставништва низ светот, работните групи на министерствата за надворешни работи на Маедонија и на БиХ ја разгледуваа можноста за заедничко користење на објектите во Мадрид, Отава, Лондон и Осло.

БиХ нема ниту едно ДКП во Јужна и во Централна Америка, а од цела Африка има само во Египет и во Либија.

Праксата на заедничко користење амбасади и конзулати одамна е присутна меѓу скандинавските и средноевропските земји.