Полека се расчистува дилемата околу настапот на крилниот центар на Фенербахче и екс играчот во НБА лигата откако тој во интервју за Дојче веле соопшти дека би заиграл за Македонија, но не во претквалификациите туку во квалификациите за СП кои се на програмата другата година. Но до тој циклус во 2018. година ние треба да ги минеме прелиминарните кругови во кои се среќаваме со Косово и Естонија. Се делува лесно, но може и да не биде така особено што нам од 2 август до 19. август кога завршуваат натпреварите во групата ќе ни недостасуваат неколкумина важни, а Антиќ е еден од нив.

Околу Перо Антиќ иако тој вели дека ќе игра следната година дилеми ќе има и тогаш и за главните квалификации, особено доколку остане во Фенербахче или се пресели во друг евролигашки клуб. Причините лежат во тоа што Евролигата во својот календар не предвиде пауза за квалификациските средби за СП, на тој начин продолжувајќи ја војната со ФИБА.