Одлуката на владата на Република Косово за издвојување на буџетски средства за финансиска поддршка на семејствата на осудените државјани на Косово не е во духот на градење европска иднина за регионот засновано на владеење на правото, што е заеднички интерес на двете земји, оценил шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.

Тој ова ѝ го пренел и на министерката за европски прашања на Република Косово, Зурата Хоџа на маргините на регионалната Конференција „Градење капацитети и регионална соработка во процесот на европска интеграција на земјите од Западен Балкан“, која се одржува во Министерството за надворешни работи на Република Македонија, перенсе А1ОН.

На средбата станало збор и за последните реакции во Косово поврзани со изречените првостепени судски пресуди во случајот „Диво насеље“..

Вчера косовската влада одвои 290.000 евра од буџетот за семејствата на членови од кумановската група осудени на вкупна казна од 750 години за престрелките во „Диво насеље“ во мај 2005 година, кога загинаа 8 македонски полицајци.

Секое семејство на осудените, ќе добие по 10.000 евра, јавија медиуми.

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, кој побара меѓународна истрага за случајот ги примил членовите на семејствата на осудените и им ветил поддршка.