На Хојт Ји „никој не му рекол дека заминува“, иако е од времето на Обама

Заменикот-помошник државен секретар на САД, Хојт Брајан Ји, во интервју за ТВ Н1 Сараево изјави дека нема информации оти ќе биде повлечен од функцијата, иако е остаток од администрацијата на претходниот американски претседател Барак Обама.

„Никој не ми рекол дека заминувам. Ние сме професионални дипломати и се ротираме на нашите позиции, но јас се надевам дека ќе останам колку што можам и, сè додека државниот секретар и помошникот на државниот секретар сакаат да бидам тука, јас ќе продолжам да ја работам оваа работа“, рече Ји.

На саркастичната забелешка од рускиот амбасадор во Белград, Александар Чепурин, дека е „75. заменик на 24. помошник на заменикот министер за надворешни работи“ и оти „не го видел Трамп, веројатно ни Тилерсон, бидејќи тие се други рангови“, Ји со одговор: „Сè што сакам да кажам во врска со тоа е дека кога на конференцијата во Белград го опишував тоа за што разговарав е рефлексија на американската политика. Неа не ја одредуваат поедини дипломати, туку за неа се решава на сериозен начин во Вашингтон од страна на сите агенции под американската Влада“.

Ји нагласи дека интересот на Америка во регионот е да им се помогне на земјите да се приближат до својата цел – просперитет, демократска, стабилна иднина и интегрирање со остатокот од Европа.

„Интересот е земјите во регионот да имаат што подобра пазарна економија, со шанси за сите граѓаните во регионот, посебно за младите“, рече тој.