Со четири гласа „воздржан“ и два „против“ Комисија за здравство на денешната седница го проследи на понатамошна постапка на пленарана седница во Собранието Предлог-законот за изменување на Законот за заштита од пушењето.

Тој треба да биде донесен по скратена постапка, а е поднесен од пратениците на СДСМ и ДУИ.

Измените предвидуваат дефинирање на просторот за пушење надвор од угостителскиот објект.

Според податоците што беа презентирани на јавните расправи по предлог измените, 640.000 луѓе во Македонија или 37 отсто се пушачи и македонските граѓани се трети во светот по бројот на испушени цигари годишно.

Лекарите сметаат дека со сегашниот закон е постигнато значително намалување на пушењето кај младите, додека според угостителите законот треба да биде балансиран и за пушачите и за непушачите.