Најголема излезност во Демир Капија, Росоман, М. Каменица, Кавадарци..

Од Општинска комисија во Демир Капија, информираа дека вкупниот број на граѓани со право на глас 17 часот гласано 76,59 отсто, што е за околу пет отсто повеќе излезност од првиот круг во истото време.
Лазар Симоновиќ, претседател на општинска изборна комисија Росоманската, соопшти дека до седумнаесет часот, излезноста била 66,4 проценти, повеќе од излезноста во тој термин од првиот круг.
Во Македонска Каменица до 17 часот своето право на глас го оствариле 4.495 гласачи или 66,40 проценти од запишаните избирачи со право на глас, пренесе Тв21.
Од 32.706 кавадарчани со право на глас, до седумнаесет часот гласале 65,94 проценти од избирачите, или за околу шест проценти повеќе од истиот период во првиот круг, информираше претседателот на Општинска изборна комисија Зоран Костов.
Според Државната изборна комисија,излезноста на денешниот втор круг од локалните избори до 17 часот на ниво на Македонија била 43,83 отсто.