Москва бара средба со ќерката на отруениот Сергеј Скрипал

Руската амбасада во Велика Британија побара ѝ биде дозволен конзуларни пристап до настраданата руска државјанка Јулија Скрипал која, според извештаите на британските медиуми е дојдена при свест, пренесе агенцијата ТАСС.

Денеска ТВ „Скајњуз“ соопшти дека Русинката, која настрада заедно со својот татко – поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал -во труење со нервен агенс во англискиот град Солсбери, веќе може да зема храна и течност, а според Би-би-си, Јулијабила контактибилна.

Состојбата на нејзиниот татко останува „критична, но стабилна“.

Во барањето за конзуларни пристап амбасадата инсистира да ја посети во согласност со конзуларната конвенција меѓу СССР и Велика Британија од 1968 година.