МНР го осуди палењето македонски знамиња во Косово

Македонското Министерство за надворешни работи изрази осуда и жалење за синоќешното палење на македонското знаме во Косово како реакција на пресудите на Киривичниот суд во Скопје за обвинетите во случајот „Диво насеље“.
„МНР изразува жалење и осуда на вчерашниот чин на палење на македонското знаме од страна на припадници на навивачки групи во Пеќ и Гњилане, Република Косово. Очекуваме дека надлежните косовски служби ќе преземат активности за утврдување на одговорноста на сторителите“, стои во реакцијата на МНР, јави Македонска информативна агенција (МИА).