Светски познатиот музичар и текстописец Ерос Рамазоти (54) беше во брак со швајцарски модел Мишел Хунзикер (40) четири години, а во 2002 година се разведоа. Тие имаат заедничка ќерка Аурора (20). Поранешната манекенка со години молчеше за вистинската причина за разводот со познатиот италијански пејач, но таа неодамна одлучи да зборува јавно за најтешките моменти од нејзиниот живот.

Мишел била член на позната секта која не го поддржала нивниот брак. Таа исто така призна дека и било забрането да разговара со нејзината мајка.
„Во сектата ми рекоа дека мојот сопруг е лош, но јас го сакав. Кога Ерос ми кажа дека треба да изберам, јас ја избрав сектата“ изјави поранешната сопруга на Ерос.

Таа мораше да ја напушти манекенската агенција, и во еден момент ја натераа да им ги врати сите пари. Таа не можеше да ја напушти сектата бидејќи ѝ се закануваа со убиство. Мишел пред три години се омажи за Томас Трусардиа, кој е познат во богатите европски кругови и имаат две деца.