Македонци рецитираат „аз с’м б’лгарче“ за државјанство

Селски кметови од околината на Ќустендил за одредена парична надокнада им издаваат документ на странци дека се регистрирани како жители на одредена адреса.

Документот е услов за добивање бугарско „гражданство“ по што може да се аплицира и за бугарски пасош.

Срби и Македонци масовно аплицираат за регистрација на адреса во малите населени места во општината Ќустендил.

Кај нас има најмалку 30 лица, кои се веќе регистрирани во нашето село. Да не ви објаснувам со какви проблеми се соочуваме и колку работи треба да направиме. Неодамна се покажа дека еден од регистрираните странци кај нас , беше баран од Интерпол. Уште ме испрашуваат во полицијата за тоа “, изјави еден од еден од кметовите за локален весник.

Генерално, градоначалниците одбиваат да регистрираат странци.

Колку што знам, за да запишеш странец на своја адреса ти даваат 50 евра. Трговијата е во тек со месеци, иако овие луѓе дури и не знаат и бугарски јазик.

Затоа не е залудно што ги терам да изрецитираат барем еден стих од песната „Аз с’м б’лгарче“. Не може тие само да уживаат во придобивките, а во исто време да не можат да го говорат нашиот јазик, вели луто спомнатиот кмет.

Според официјални податоци за населението, во општина Ќустендил, има 79.143 лица со постојана адреса како место на живеење, но во последните месеци тој број се зголемил за околу 400 лица.

Најчесто регистрација на адреса бараат луѓе од Македонија, Србија, Црна Гора, Косово, Босна и Херцеговина и други.

Бугарскиот заменик-премиер, Валери Симеонов, вчера соопшти дека од македонски граѓани во моментов има дури 53.000 поднесени барања за бугарско државјанство.

Симеонов рече дека сега процедурата за добивање за бугарско државјанство трае две до три години, а некогаш и подолго, но дека се прават напори и доколку сите поднесени документи се исправни, да се сведе тој рок на шест месеци.

Според  бугарски „Капитал“, во последните 15 години бугарско државјанство добиле 87.483 граѓани на Македонија. Вкупната бројка странци што добиле државјанството во тој период е 132.020 лица.