Во 2018 година, македонските граѓани ќе можат да патуваат без визи во 112 земји ширум светот покажува индексот на визните ограничувања на британската компанија Henley and Partners за 2018 година.

Според овој список Македонија е рангирана на 46 место заедно со Колумбија, Маршалски острови и Тувалу.

Најмалку визни ограничувања имаат граѓаните на Германија – можат да патуваат без визи во 177 земји низ целиот свет. На второто место е Сингапур чии граѓани можат слободно да патуваат до 176 земји.

На трето место се рангирани дури осум земји – Данска, Финска, Франција, Италија, Јапонија, Норвешка, Шведска и Велика Британија. Граѓаните на овие земји можат да патуваат без визи за 175 земји ширум светот.

Следуваат Австрија, Белгија, Луксембург, Холандија, Шпанија и Швајцарија се четврти. Жителите на овие земји можат да патуваат слободно и без визи за 174 земји на планетата.

Во 173 земји може да патуваат до жителите на Ирска, Јужна Кореја, Португалија и САД. Овие земји се рангирани на 5-то место, а на 6-то место е Канада чии граѓани можат слободно да патуваат до 172 земји.

На последното место во рангирањето е Авганистан. Граѓаните на таа земја во 2018 година ќе можат слободно да патуваат без визи само во 24 земји низ светот.