Македонскиот буџет меѓу „блесок и драма“

Буџетот е стабилен, состојбата не е блескава но не е ни драматична. Ова го изјави новиот премиер Зоран Заев кој во изјавата по преземањето на новата функција од неговиот предходник Емил Димитријев потенцираше дека новата Влада ќе се потруди успешно да менаџира со финансиите.

Според Заев важно е каква е состојбата во буџетот затоа што ако државата пушти пари во оптек ќе има и за бизнисот и за граѓаните и затоа тој и неговиот тим ќе се обидат да работат колку што може подомаќински во интерес на сите.

Во своето излагање пред изборот на новата влада во Собранието екс премиерот Никола Груевски рече дека за разлика од 2006 година кога во државната каса имало само еден милион евра и 30 милиони евра неплатени сметки кои пристигнале во првата недела од владеењето со кои била блокирана владата, СДСМ ќе го дочекаат 130 милиони евра во буџетот.