Македонија со три нематеријални добра под УНЕСКО, Хрватска со 14

Со 15 ставки во Регистарот на нематеријално културно наследство на УНЕСКО, Хрватска е неприкосновен лидер во регионот, наспроти Македонија само со три.

Организацијата на Обединети нации за образование, наука и култура (УНЕСКО) во 2013 година од Македонија го заштити Фестивал на светите 40 маченици во Штип, следната година го впиша на својата репрезентативна листа орото „Копачка“ од селото Драмче од Пијанечкиот крај, а во 2015 година и двогласното машко пеење од Долен Полог, „Гласоечко“.

Ни другите земји од регионот, освен Хрватска, не се претргнаа многу во овој поглед, па Бугарија под капата на УНЕСКО има четири нематеријални добра, Унгарија три, а Србија и Словенија само по едно.

Секоја земја-членка на УНЕСКО годишно има право да поднесе само еден номинациски предлог за заштита, а периодот на вреднување и упис во Регистарот трае до две години.