Во рок од нешто помалку повеќе од два месеци треба завршат работите на пистите за полетување на аеродромот „Македонија“ во Солун, а стартот се очекува за 7 Март 2018, јавуваат агенции.
Од надлежното велат дека „одлагањето на почетокот на проектот се случи поради неповолните временски услови во текот на тековната зимска сезона (проблемот со магла на аеродромот).“
Модернизацијата на аеродромот “Македонија” била апсолутно неопходна, заради продолжувањето на пистата за полетување на површина од 1.000 квадратни метри над морето.
Од проектот, планиран да се спроведе во четири фази, три се веќе завршени и во тек е завршната.
Во првата декада на март британската нискобуџетна авиокомпанија „EasyJet“, која апретходно ги суспендираше летовите на аеродромот „Македонија“, се очекува да се врати на аеродромот во Солун.
Интернационалниот аеродром во Солун, порано познат како „Микра“, го смени името во „Македонја“ во 1993 година.