На 21 јануари оваа година македонскиот пијанист од светска класа Симон Трпчевски ќе настапи во престижниот „Вигмор Хол“ во Лондон.
Заедно со Александар Краповски на виолина, Александер Сомов на чело, Хидан Мамудов (кларинет , саксонфон и кавал), и перкусионистот Влатко Нушев, маестро Трпчевски пред британската публика ќе го промовира делото „Македонисимо“ – транскрипции на македонска традиционална музика напишана од композиторот Панде Шахов во соработка со пијанистот.
Панде Шахов е водечки македонски композитор на класична музика кој десетина години живее во Велика Британија.
Овој проект е посветен на македонскиот народ, пишува во најавата на концертот во „Вигмор Хол“
Лондонската сала „Вигмот Хол“ е една од најстарите во Британија и во неа настапуваат врвни светски музички ѕвезди.