Изразито лошиот старт на сезоната во која македонскиот кошаркарски првак веќе има 11 порази во двете натпреварувања го носи тренерот Жељко Лукаиќ да го замени Александар Тодоров во Аеродром. Поранешниот освојувач на Јадранската лига треба да го извлече МЗТ Скопје од последната позиција во регионалното натпреварување и да ја одбрани домашната титула.
58 годишниот Србин од Босна и Херцеговина, последен пат беше на клупата на некогашниот Европски првак Босна од Сараево, а работеше и во Партизан, Хемофарм, Војводина, ПАОК, Лукоил Академик, Политехника, Игокеа.
МЗТ Скопје в недела има меч со Морнар во АБА лигата и тој мора да биде пресвртница.