Кучан не и верува на ЕУ, Балканот само што не експлодирал

Првиот претседател на Словенија Милан Кучан не им верува на напорите на САД и ЕУ за стабилизирање на Балканот.

„Ми се чини дека Западот продолжува да ги затвори очите пред фактот дека Западниот Балкан останува буре барут“, изјави поранешниот претседател на Словенија, Милан Кучан во интервју за црногорскиот весник  “Побједа”.

Според Кучан кој беше еден од луѓето што одлучуваа за иднината на Југославија западот ги занемарува моралните прашања пред сопствените материјални интереси.

Кучан вели дека со инсистирање на интересите на капиталот, Европа, за жал, често ги запоставува етичките вредности кои ја формираат основата на европската идеја.