Косовски навивачи на пат за протести во Македонија

Навивачи на неколку косовски спортски клубови преку социјалните мрежи се организираат за учество на денешниот протест против пресудите за обвинетите во случајот Диво Насеље.

Според инструкциите што ги добиваат навивачките групи во Скопје треба да се пристигне во мали групи или поединечно затоа што постои страв дека премиерот Харадинај дал налог на граница да се запрат сите групи навивачи кои ќе се обидат да влезат во Македонија додека да мине протестот.

Според инструкциите голем дел од оние навивачи што имаат роднини и пријатели во Македонија во земјава влегле уште вчера за да избегнат да бидат запрени на граница.

Координацијата за доаѓањето во Скопје според коментарите на социјалните мрежи ја прави групата “Илирија елита” која ги бодри репрезентациите на Албанија и Косово а чии членови минатиот месец не можеа да ја минат границата со Албанија за мечот со Италија откако владата на Рама нареди забрана за нивно присуство на мечот.

Членови на оваа група во септември беа присутни во Струмица за фудбалскиот меч Македонија – Албанија но не беа пуштени на стадионот иако имаа карти.

Според најавите од Косово за денеска во Скопје не се планира никакво насилство туку испраќање на “симболични пораки како палење на македонското знаме” а навивачите се предупредуваат добро да се маскираат затоа што ќе бидат снимани од “тајните служби на ФИРОМ”.