Скандал избувна во Чиле откако на социјалните мрежи беше објавено кусо видео од една од локалните болници. На снимката се гледа како хирурзи за време на започнат зафат го гледаат натпреварот со Португалија од 1/2-финалето на Купот на конфедерациите.

При еден од пеналите на противникот и по неговово промашување, во салата сите скокаат и се радуваат, а двајцата хурурзи исто се насочени кон мониторот иако имаат “отворен” пациент. Локалната јавност протестира и бара истрага. Во чилеанскиот парламент исто така не останаа незаинтересирани и ветија дека ќе расправаат за случајот од средата и дека ќе ги казнат несовесните.

https://youtu.be/TwNcPg3YGGE