Откако пред шест месеци Кети Пери (32) и Орландо Блум (40) ставија точка на нивната врска, пријателите на екстремно популарната двојка откриваа зошто врската се распаднала.

„Орландо не сакаше да влегува во втор брак и да има нови деца. Од друга страна, Кети беше очајна да се омажи повторно“ изјави тогаш извор близок до двајцата.

Пејачката не криеше дека многу тешко го поднесува раскинот, па дури и сними песна за моментите кога ќе почувствувате потреба да контактирате со поранешниот.

Но, деновиве се чини дека периодот на разделба завршил и дека двојката одлучила да продолжи на местото каде што застана. Папараците ги снимија Кети и Орландо на концерт на Ед Ширан во Лос Анџелес, а нивните насмевки зборуваа повеќе од сите зборови.

Инаку, Кети беше во брак со британскиот комичар Русел Бренд, а Блум беше женет со моделот Миранда Кер, и од таа врска го има синот Флин.