По наводните неконтролирани сексуални напади, холивудскиот бренд Кевин Спејси побарал психолошка проценка и третман.

„Кевин ќе си даде време за лекување. Во овој момент не можеме да дадеме повеќе информации“, изјави потпаролот на Кевин.

А се започнаа од актерот Ентони Реп, кој рече дека Спејси сексуално го злоупотребувал.

По овие обвинувања, Кевин призна дека е хомосексуалец, но тврди дека не се секава на овој инцидент.

Покрај тоа обвинување, актерот за сексуално вознемирување бил обвинет и од мексикански актер Роберто Кавазос, и од американскиот режисер Тони Монтана, како и од еден човек кој сакал да остане анонимен.

По овие гласини Netflix објави дека повеќе нема да ја снима серијата „Куќа од карти“ во која Спејси ја игра главната улога.

„Веруваме дека тоа што Кевин бара помош е позитивен чекор напред“, изјави неговиот потпарол.