Карпош Соколи го совлада МЗТ Скопје со 85-83 на затворање на првото коло во нашата најсилна кошаркарска лига. Во дуелот во Аеродром освојувачот на Купот беше феноменален во првото полувреме кога му уфрли на првакот 49 поена од кој МЗТ не можеше да се врати во вториот дел. Решавачка во мечот на најголемите претенденти за титулата беше серијата од 18-2 за три минути во финишот на воведните 20 минути во кои најдобро се виде зашто МЗТ губеше и во Јадранската лига.

Оваа победа на Карпош Соколи не мора ништо да значи, а од друга страна покажува дека тие имаат подобар тим во моментов и дека стануваат прв кандидат за круната. Гостите имаа петмина двоцифрени, а ги предводеше Дарко Соколов со 19, додека најефикасен на мечот беше Бојан Трајковски со 34 поена.