Мирно, без многу камери, микрофони, фото апарати, па и публика, во населбата Козле е обележано пуштањето на парк кој како основна функција ги има играта, прошетките, мирот и одморот на граѓаните, но и видливо ќе го разубави тој фрекфентен дел од градот.

Во скопски Карпош е отворен парк со вкупна површина од 10 илјади квадратни метри, од кои на 6 илјади е извршено хортикултурно уредување, финансиски покриено од Градот Скопје, а останатиот дел од 4 илјади метри квадратни партерно уредување и поплочување на просторот со 200 метарска фонтана, како и со детско игралиште со еко- реквизити е инвестиција обезбедена од буџетот на Општината.

Рана кампања или искрена грижа за сограѓаните. Кому му е тоа важно, само тие нека добиваат вакви убави простори.