Министерот за национална одбрана на Грција и претседател на партијата „Независни Грци“ во напис кој треба да излезе во утрешна „Κυριακάτικη Δημοκρατία“ (Неделна демократија) нагласува дека граѓаните мора да одлучат за името на северниот сосед.

Меѓу другото тој наведува дека, грчкиот народ ќе мора да одлучувува за преседан невиден во историјата на човештвото, за трансфер на својата историја и култура на друг народ.

„Вклучувањето на терминот ‘Македонија’ во името ќе значи и стеснување на грчката култура во вековите што доаѓаат”.

Неговото барање не може да биде отфрле во понеделник, во Парламентот, каде се очекува да се обрат сите политички лидери, пренесуваат грчки медиуми.