Има ли Македонија конечно филм за Оскар? Спилберг мисли дека има

Нискобуџетната македонска продукција Avec L’Аmour (Со  љубов) може да се вмеша во битката за најдобар документарен филм на американската филмска академија, смета Стивен Спилберг.

Познатиот американски режисер изјавил дека македонскиот филм е најдобриот кој што го видел во последните неколку години но тоа според се не е доволно да се освои оскарот за најдобар документарен филм пишуваат американските медиуми.

Филмот на Илија Цветковски и Атанас Георгиев кој ќе биде прикажан на Сараевскот филмски фестивал идната недела говори за Дионис, пензиониран наставник по биологија кој има страст за стари автомобили и кој има сон да отвори музеј на стари автомобили. 

Главни конкуретни на македонскиот филм во трката за Оскар според критичарите се два филма за Сирија, и два филма на еколошки теми, сите четири со огромни буџети десетина пати поголеми од Avec L’Аmour.