Зошто исчезнува бугарското население?

Сите мои пријатели со кои пораснав на овие улици, одамна отидоа оттука, вели Стојан Евтимов во репортажа за Бугарија на новинарот на Би-би-си, Александар Рут, што ја пренесува и дел од бугарскиот печат.

Многу млади Бугари, се селат во градовите во потрага по работа. Стојан верува дека е среќен затоа што останал да работи во планинското село Пештера, каде води своја фолклорна група и организира годишен музички фестивал во обид да ги оживее традициите во селото.

По падот на комунизмот во 1989 година во Бугарија, селските колективитети се распаднаа и тенденцијата да се избега од провинција во градовите се заостри.

Но, многумина не застануваат таму и продолжуваат да бараат работа во странство.

Во 1989 година, во Бугарија живееле речиси девет милиони луѓе. Сега бројот на населението падна на малку повеќе од седум милиони. До 2050 година оваа бројка се очекува да паѓа и да биде помала од 5,5 милиони. До крајот на векот може да биде близу половина од она што е сега.

За ова придонесува уште еден фактор – делумно поради тоа што многу млади луѓе ја напуштиле земјата и стапката на наталитет е мала.

Владата воведе голем број мерки  се справи со депопулацијата и ги охрабрува етничките Бугари кои живеат во странство да се вратат во земјата, пишува Би-би-си

Но, никој друг.

На Бугарија не и требаат необразовани бегалци, вели вицепремиерот, Валери Симеонов, лидер на Обединетите патриоти, антиимигрантска група која е дел од коалициската влада.