Зборува 20 јазици – живее во Македонија (ВИДЕО)

Ричард Симкот е хиперполиглот кој веќе 7 години живее во Македонија. Тој има дарба за учење нови јазици и течно зборува повеќе од 20  јазици, пишува порталот Факултети.мк.

Роден е во Велика Британија, на рана возраст научил да зборува француски, а со оглед на тоа што живеел близу англиско-велшката граница, научил и велшки.

Почнал да учи тајландски откако неговиот татко се оженил по вторпат со Тајланѓанка и потоа  научил и турски, полски, хебрејски, кинески, исландски, есперанто и – се разбира – македонски.

Како говори на некои од јазиците што течно ги зборува погледнете тука.