За Нова Година во Скопје или Едрене

Македонија и Турција се попосакувана дестинација за новогодишните празници „отколку родна Бугарија“, коментираат агенти од туристичките претставништва во Пловдив. Следат Романија и Грција…

Тие се најпосакувана дестинации поради своето гостопримство, одлична храна и прифатливи цени.

Најбараните градови за посета се Скопје и Едрене. Километрите дотаму не се многу, па затоа нашите туристи често преферираат личен транспорт, но  специјализираните агенции располагаат со разновидни празнични пакети, со вклучен автобуски превоз.

Една од најпознатите примамливи понуди за Нова Година е за Скопје која вклучува: автобуски превоз, 2 ноќевања во хотел 4 ѕвезди, 2 оброка, 1 богата трпеза, 1 посебна празнична трпеза во новогодишната ноќ, пијалоци без лимит и ето тоа во локален фолклорен ресторан за 300 лева (150 евра).