За крваво насилство условно, за 30 ќебапи робија

Изместените стандарди во македонското судство кое под притисок на политиката најпрвин по конфликот во 2001 амнестираше стотици убијци, киднапери, и садисти денеска доведе до ситуација насилниците кои што во парламентот физички нападнаа пратеници да бидат практично ослободени за сторено насилство.

Одлуката за условни затворски казни од  6 до 18 месеци  за 9 мина кои беа обвинети за учество во толпа за настаните на 27 април во Собранието на РМ а пред судот се изјаснија за виновни според судијката Милка Ангеловска Васевка е соодветна

„Судот им определува алтернативни мерки кои се адекватни санкции со кои ќе се исполнат целите на казнувањето“, рече Ангеловска – Васевска при изрекување на пресудата која што по партиски критериуми дел од јавноста ја смета за исправна а дел за скандалозна.

Пред десетина дена возрасна жена од Битола беше упатена на издржување на затворска казна во затворот Идризово за гледање на филџан а македонското судство носеше одлуки за затворски казни и за кражба на три калапи сирење и 30 кебапи.