Захариева се радува за напредокот во преговорите за името

Мило ми е што има напредок во преговорите меѓу Атина и Скопје, одговори вицепремиерот и министерка за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, запрашана за спорот за името на Република Македонија и Грција.

„Тоа е билатерално прашање и ајде да ги оставиме Атина и Скопје да ги водат преговорите со посредство на ОН“, истакна Захариева и посака успех, пренесе БТА.

Денес во Виена се одржува средба на Метју Нимис со шефовите на македонскта и грчката дипломатија Никола Димитров и Никос Коѕиас.