Жените во Швајцарија не сакаат да работат подолго

Граѓаните вчера гласаа против реформата на пензискиот систем со која се предвидува зголемување на возрасната граница за пензионирање на женитге и зголемување на даноците.

Реформата предвидува старосната граница за заминување на жените во пензија да се продолжи за една година, на 65 години и да се изедначи со таа на мажите, пренесе АФП  според која 53 отсто од граѓаните гласале против.

Пакетот на пензиските реформи вклучува и предлог за зголемување на данокот на додадена вредност (ДДВ) за 8,3 отсто со цел да се помогне на државниот пензиски систем и да се зголеми износот на пари што се исплаќаат од платите за пензии.

Просечен животен век на жителите на Швајцарија е 83 години.